21.8 C
Skopje
Tuesday, June 15, 2021

Затворен угостителски објект во Гостиварско, приведен сопственикот и танчерка

Најчитани вести

Полицијата затвори кафеана во која имало гости, танчерки и музика во живо. Сопственикот и една танчерка се лишени од слобода.

Според СВР Тетово, контролата била спроведена во периодот од 20.30 до 21.30 часот во угостителски објект во Врапчишко поле, во близина на автопатот Тетово — Гостивар, сопственост на Р.Б.(46) од Гостивар. При контролата било констатирано дека во објектот има музика во живо, танчерки, како и 11 гости. Во објектот биле затекнати пет женски лица (четири македонски државјанки и една бугарска државјанка) кои работеле како танчерки и пејачки и едно машко лице кое работело како пејач.

Сопственикот на објектот Р.Б. бил лишен од слобода по член 206 од Кривичниот законик, додека бугарската државјанка била лишена од слобода поради злоупотреба на туристичкиот престој.

Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а по целосно документирање и расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести