22.8 C
Skopje
Wednesday, June 16, 2021

Затворен локал во Тетово, приведени 11 девојки кои ги забавувале гостите

Најчитани вести

Полициски службеници вчера вечер спровеле контрола во угостителски објект на улица „Коле Неделковски“ во Тетово, каде биле затекнати 11 девојки кои ги забавувале гостите, информира Министерството за внатрешни работи.

– Полициски службеници на СВР Тетово во координација со Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово и Државниот пазарен инспекторат, вчеравечер, 8 јуни, од 23 часот и 35 минути до 50 минути по полноќ спровеле акциска контрола во угостителски објект на улица „Коле Неделковски“ во Тетово, соопштува МВР.

Како што известува Министерството, при контролата, во објектот биле затекнати 11 женски лица кои ги забавувале присутните гости.

– Девет од затекнатите женски лица биле странски државјанки, од Србија, Украина, Албанија, Молдавија, Литванија, Бугарија и Русија, на различна возраст од 20 до 34 години. Тие се лишени од слобода заедно со 24-годишен вработен во објектот и две женски лица од нашата земја. Објектот е времено затворен од Државниот пазарен инспекторат. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот и ќе следуваат соодветни поднесоци, се додава во соопштението на МВР.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести