Затворен воздушниот простор над Нигер по заканата со воена интервенција од страна на ЕКОВАС. Истече ултиматумот од 7 дена на западноафриканската заедница. Вчера, илјадници приврзаници на воениот удар во Нигер се собраа во главниот град Ниамеј против ултиматумот на регионалниот блок ЕКОВАС за ослободување и враќање на демократски избраниот претседател Мохамед Базум.
„Имаше напади врз неколку региони, каде беше Економска заедница на западноафриканските држави? Сега неколку поединци се заинтересирани и ни велат да, има ЕКОВАС. Не беа тука кога беше потребно, не можеа да интервенираат, но сега доаѓаат да не уценуваат“, изјави Букари Амаду, поддржувач на воениот удар.
По пучот од 26-ти јули војниците го поставија генералот Абдурахман Тчиани за шеф на државата.