14 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

Затворена чајџилница во Куманово, ќе биде поднесена кривична пријава

Најчитани вести

Полицајци синоќа во 22.30 часот извршиле контрола во чајџилница лоцирана на улица „Карл Маркс“ во Куманово, сопственост на Ф.Б.(29) од истиот град. Констатирале дека објектот не се придржувал до пропишаното работно време и во него биле затекнати околу 20 лица.

Како што соопшти денеска МВР, објектот од страна на Државен пазарен инспекторат е затворен.

-По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, стои во соопштението од МВР.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com