21.8 C
Skopje
Tuesday, June 15, 2021

Затворање луѓе во одморалишта: Нов корона-експеримент во Грција

Најчитани вести

Скоро 200 холандски туристи го сменија карантинот во нивната земја за осум дена доброволно затворање во грчко одморалиште.

Тоа е тест што треба да покаже дали можат да се организираат безбедни одмори за време на пандемијата Ковид-19“, пишуваат грчките медиуми.

Учесниците на пробиот одмор од 399 американски долари добиваат целосен пансион, вклучително и пристап до базен, ресторани и други објекти на хотелот Микис и ништо друго.

Покрај редовните тестови за коронавирус и почитувањето на оддалеченоста од 1,5 метар, „туристите“ мора да бидат задоволни и со погледот кон Егејското Море од нивните простории или тераси, бидејќи никој не смее да го напушти одморалиштето каде што ќе бидат само гостите.

И покрај ограничувањата, побарувачката за патувања била голема и се пријавиле околу 25 000 луѓе.

Грција, која е практично зависна од туризам, сака да ги привлече луѓето назад, по катастрофалната 2020 година, при што бројот на посетители падна на една четвртина во споредба со нивото од претходната година.

„Многу е важно луѓето да почнат да доаѓаат кај нас“, вели Константинос Тераслиас, заменик градоначалник на Родос, четвртиот по големина грчки остров.

Холандскиот оператор Санвеб, кој го организираше патувањето поддржано од владата, се надева дека експериментот ќе покаже дека луѓето сè уште можат да уживаат во годишните одмори, дури и под строгите безбедносни мерки, и да го отворат патот за повторно отворање на туризмот.

„Ова е многу важно за туристичката индустрија. Не мислам дека многу компании ќе преживеат уште едно лето без патувања”, рече извршниот директор на „Санвеб“, Матијас Тен Бринк. Сепак, тој посочи дека затворањето луѓе во одморалишта веројатно нема да биде долгорочно решение.

Во меѓувреме во Родос, локалното население со неизвесност ги чека холандските туристи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести