Заталкан куршум оштети објект во Гостивар

0

Гостивар, 9 октомври- Во Секторот за внатрешни работи Тетово вчера било пријавено дека во периодот од 21 часот на 7-ми до 8 часот и 30 минути на 8-ми октомври годинава заталкан куршум од огнено оружје оштетил прозорец на првиот кат и sид во ходникот од јавен објект на улица „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар, информира денес Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Од полицијата информираат дека извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.