15 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Засилени безбедносни мерки за инаугурацијата на Бајден

Најчитани вести

Градоначалничката на Вашингтон, Мјуриел Баузер, побара да бидат воведени дополнителни мерки за безбедност за време на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден.

Нејзината одлука доаѓа по минатонеделните немири и упадот во американскиот Конгрес на поддржувачите на претседателот во заминување Доналд Трамп.

Опишувајќи го минатонеделниот упад во зградата на Конгресот како невиден терористички напад, градоначалничката на Вашингтон во изјавата рече дека инаугурацијата на Бајден на 20 јануари ќе бара поинаков пристап во споредба со претходните инаугурации.

„Иако ќе им се обратам на голем број локални, регионални и федерални служби за зајакнување на меѓусебната соработка на овој настан, јас првенствено го повикувам Министерството за внатрешни работи да подготви соодветен пристап кон инаугурацијата во сегашните околности“, напиша Баузер во писмото до Чад Волф, кој е на чело на министерството, пренесува „Ројтерс“.

Во своето писмо, градоначалничката наведува дека областа Колумбија, во која се наоѓа Вашингтон, бара изјава за „ситуацијата пред катастрофа“ со цел да се овозможи федерална помош.

Таа го повика Министерството за внатрешна безбедност да ја координира својата работа со Министерството за правда, Министерството за одбрана, Врховниот суд и Конгресот и да изготви федерален план за распоредување на безбедносните сили со цел да се заштити целиот федерален имот.

Вашингтон останува во состојба на готовност пред инаугурацијата на Бајден и додека настанот традиционално привлекува стотици илјади посетители на градот, тој не се очекува сега поради тешката состојба со пандемијата на Ковид-19, а самиот Доналд Трамп минатата недела потврди дека нема да присуствува на инаугурацијата на новиот претседател, наведува агенцијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести