10.8 C
Skopje
Friday, December 3, 2021

Засега 70 мртви и 15 исчезнати од тајфунот Хагибис во Јапонија

Најчитани вести

Во налетот на тајфунот Хагибис во Јапонија досега загинале 70 лица, а 15 се водат за исчезнати, јави телевизијата НХК за новиот биланс на настрадани.

Повеќе од 200.000 спасувачи учествуваат во потрагата по преживеани во подрачјето каде мина тајфунот.

Тајфунот предизвика свлечишта, во кои голем број куќи се уништени и оштетени.

Хагибис во саботата зафати област што се наоѓа јужно од Токио.

Во централните и северните делови на Јапонија невремето беше пропратено со обилни дождови и силен ветар.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com