10.6 C
Skopje
Saturday, October 16, 2021

Засега нема претставки за отказ поради невакцинација

Најчитани вести

Во Државниот инспекторат за труд досега не пристигнале претставки за отказ на работник кој не е вакциниран и поради тој основ да е отпуштен од работа.

Ова за „Слободен печат“ го изјави Јована Тренчевска, ВД директор од Трудовиот инспекторат по се погласните гласини дека на работниците им се вршел притисок да се вакцинираат од страна на работодавачи. Според Инспекторатот, работодавачите немаат законска можност да ги притискаат и отпуштаат оние што не сакаат да се вакцинираат.

– Согласно позитивните законски прописи во Република Северна Македонија работник не може да добие отказ од работа ако не сака да биде вакциниран. Вакцината за заштита од Ковид 19 е на доброволна основа, и не смее да претставува основ за откажување на договорот за работа –вели Тренчевска.

Таа вели дека во Законот за работни односи се дефинирани основите кога работодавачот може да го откаже договорот за вработување на работникот и во услови кога инспекцискиот орган ќе утврди дека престанокот е незаконит, во тој случај инспекторот изрекува инспекциска мерка Решение со кое се поништува Решението за отказ кое го дал работодавачот и се дава рок за поставување.

– Доколку работодавачот не постапи во дадениот рок, се изрекува глобата согласно прекршочните одредби во ЗРО во зависност од големината на правниот субјект.
Сакаме да им укажеме на работниците дека секое условување од работодавачот или отказ од работа каде основот е одбивање на работникот да се вакцинира, е спротивно на законските одредби со кои се регулират работните односи и треба да се пријави во Државниот инспекторат за труд. По секоја пристигната преставка инспекторите вршат инспекциски надзори и се изрекуваат инспекциски мерки согласно утврдената фактичка состоба – објаснува директорката.

Во регионот и во светот, пак, за сè повеќе дејности и групи се воведува задолжителната вакцинација. Во Грција, таа е за вработените во здравствените установи и во установи за нега на стари лица, а тие што не се вакцинирани се пуштија на принуден одмор. Во Косово од пред десетина дека, обврска за вакцинација имаат сите вработени во јавните институции, како и персоналот во претпријатијата и фирмите во сопственост на Владата и општините, а како алтернатива им се и ковид тестовите со кои би докажувале дека не се заразени. По задолжителната вакцинација против Ковид-19 за лекарите, наставниците и студентите, албанското министерство за здравство најави дека истото ќе важи и за вработените во администрацијата, полицијата, аптеките и лабораторите.

Делумна обврска за задолжителна вакцинација има и во Велика Британија- за вработените во домовите за стари лица, како и за сите оние сервисни компании што би влегле во тие домови. САД, пак, значително го проширува опфатот на задолжително вакцинираните – претседателот Џо Бајден најави дека сите вработени во компаниите со најмалку 100 работници ќе мораат да бидат вакцинирани, или ќе се оди на редовни тестирања за ковид. Претходно, Белата куќа во Вашингтон потврди дека сите соработници во владата ќе мора да се вакцинираат, и за нив отпаѓа можноста за ковид тестови.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com