-6.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

Засега без нови рестрикции и мерки, приоритет е вакцинацијата

Најчитани вести

Да се вакцинира што поголем број од населението за да стекнеме колективен имунитет, да се заштитиме од другите КОВИД соеви и да спречиме нов бран.

Тоа е сега клучен приоритет, порачува министерот за здравство Венко Филипче.

Теренската вакцинација која почна вчера, продолжува и денеска во над 90 населени места.

Ситуацијата засега е мирна и бројките се охрабрувачки. Според последниот биланс, има пет нови случаи, шест оздравени пациенти и ниту еден починат.

Како што вели Филипче, веројатно ќе има и нови мутации, но со рестрикции не може да живееме. Затоа, имунизацијата е многу важна.

-Епидемиолошката состојба е мирна, но акцент треба да се стави на вакцинацијата како механизам за заштита. Вакцинацијата е единствен механизам за зголемување на колективниот имунитет и спречување нов бран. Веројатно ќе има и нови соеви на вируси, веројатно ќе има и нови мутации, меѓутоа со рестрикции не може да живееме, изјави министерот.

Тој додаде и дека не се размислува да се бараат потврди за вакцинација или негативни тестови на коронавирусот за влез во земјава – ниту за наши, ниту за странски државјани.

Филипче вчера најави дека од петок ќе почне вакцинацијата на деца над 12 години со „Фајзер”, чии родители/старатели до четврток ќе се пријават на веб-страницата vakcinacija.mk. Но, и децата кои немаат здравствено осигурување или немаат одбрано матичен лекар ќе може да се вакцинираат. Информации за термините ќе може да се добијат директно на вакциналните пунктови.

-Секој родител или старател кој сака да го вакцинира своето дете, ќе треба да го пријави на веб страницата vakcinacija.mk, по што ќе добие термин за вакцинација. Вакцинирањето на деца ќе почне в петок. Во системот „Мој Термин” веќе се регистрираат малолетни лица (деца од 12 до 16 години) кои сакаат да се вакцинираат. Сајтот vakcinacija.mk за закажување термини ќе биде отворен до четврток, напиша Филипче на својот фејсбук профил.

Ако родителите или старателите наидат на потешкотии при пријавување на своето дете за вакцинација на сајтот vakcinacija.mk, треба да проверат дали е тоа осигуреник во базата на Фондот за здравствено осигурување.

Откако ќе се види заинтересираноста со регистрирањето на сајтот, ќе се закажуваат термини за вакцина по распоред, бидејќи една вијала содржи шест дози.

И ревакцинирањето со „Астра Зенека” ќе биде на шест, наместо на 12 недели како досега. Тоа е договорено на состанок со членови на Комитетот за имунизација. Но, и натаму оваа вакцина ќе им се дава само на повозрасни од 60 години.

Во однос на теренската вакцинација, најавите се дека ќе се одвива без прекин, со распоред направен од здравствените домови. Распоредот ќе биде повторувачки. Нема да се оди еднаш во едно оддалечено село или населено место, туку тимот ќе ротира откако сите мали места еднаш ќе бидат покриени согласно распоредот и сето тоа ќе продолжи да се одвива и на терен. Ќе се вакцинираат сите што ќе бидат на местото одредено за вакцинација и што ќе покажат интерес во текот на денот. Тоа ќе се повтори кога ќе заврши циклусот, кога ќе се поминат сите места одредени од здравствените домови.

Досега во земјава се направени 911.154 тестирања, а вкупниот број на дијагностицирани од почетокот на епидемијата е 155.802, бројот на оздравени пациенти е 150.132, на починати 5.487, а на активни случаи 183.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com