10.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Засадување на најстарата винова лоза на светот во дворот на Земјоделскиот институт

Најчитани вести

По повод одбележувањето на триесет години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Република Македонија и Република Словенија, во дворот на Земјоделскиот институт – Скопје, денеска ќе биде засадена 400 години стара винова лоза, народно позната како Жаметна чрнина или Модра кавчина.

Истовремено, преку симболичен начин ќе се промовира значењето на науката во заштитата на животната средина, значењето на биодиверзитетот, како и чувањето и грижата за природното богатство, кое во Словенија има многу долга традиција. Воедно ќе биде посадена и македонската автохтона винска сорта Станушина.

Настанот ќе го отвори директорот на Земјоделскиот институт – Скопје, професор Виктор Ѓамовски, а ќе се обратат ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” професор Никола Јанкуловски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и неговиот словенечки колега Алеш Хојс.

На настанот ќе присуствува инж. агр. Станислав Кочутар од Марибор, Република Словенија, кој е чувар заштитник на најстарата лоза на свет.

„Засадување на најстарата винова лоза на свет” е настан организиран од страна на Амбасадата на Република Словенија во Скопје во соработка со Земјоделскиот институт-Скопје.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com