9.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Зариф: Иран е подготвен за целосна размена на затвореници со САД

Најчитани вести

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф изјави денеска дека Иран е подготвен за целосна размена на затвореници со САД, а на Твитер напиша дека „топката е во американскиот двор”.

– Откако оваа недела го добивме заложникот, сега сме целосно подготвени за сеопфатна размена на затвореници, напиша Зариф.

Техеран и Вашингтон во саботата во Цирих разменија затвореници – студент на постдипломски студии на американскиот Универзитет Принстон е ослободен во Иран во замена за иранскиот научник кој беше уапсен во САД, што е редок чин на дипломатската соработка меѓу двете земји по повеќемесечните тензии.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com