36.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

Започнува судењето на поранешната ѕвезда на Реал Мадрид заради детска порнографија

Најчитани вести

Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид, Кристоф Мецелдер, пензионерските денови ги минува во проблеми, тој е уапсен за поседување на детска порнографија и му се заканува затворска казна.

Мецелдер претходно се изјасни за виновен за поседување 297 досиеја за детска порнографија, како и 29 фотографии и видеа што им ги испратил на неколку жени преку апликацијата „WhatsApp“.

Неговото судење треба да започне на 29 април следната година, пресуди Окружниот суд во Дизелдорф, закажувајќи го последното рочиште за 10 мај, по што се очекува конечна пресуда.

Неговиот правен тим се обидува да го спаси, но очигледно тој ќе добие строга казна. Инаку, Мецелдер (40) во кариерата играше за Реал, Борусија Дортмунд, Шалке, а кариерата ја заврши во нисколигашот ТуС Халтерн. Дресот на германската репрезентација го носеше 47 пати.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести