30.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

Започнува Меѓународната струмичка ликовна колонија

Најчитани вести

Со отворање на изложба на цртежи и графики од збирката на Меѓународната струмичка ликовна колонија утре ќе биде означен почетокот на 56 собир на ликовни уметници од повеќе земји од светот.

На годинашната ликовна колонија ќе учествуваат 15 уметници од Бугарија, Грција Србија, Русија, САД, Полска и С. Македонија.

-Традиционално уметниците творат во Домот на Културата, а во рамките на колонијата по 26 пат ќе се одржи и Студиото за мозаик, на кое учествуваат тројца мозаичари. Уметниците имаа слобода во изборот на темите.

Колонијата ќе се одржи од 1 до 12 август, а во досегашните изданија на Меѓународната струмичка ликовна колонија учествувале 1.400 уметници од земји од целиот свет.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com