20.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Започнуваат преговорите за „спутник В“, Германија бара гаранција од Русија

Најчитани вести

Германија ќе започне билатерални преговори со Русија во врска со вакцината „спутник В“ против Ковид-19, пренесува „Ројтерс“ повикувајќи се на неименуван извор, а конечниот договор наводно зависи од тоа дали Русија ќе ѝ даде клучни податоци на Европската агенција за лекови (ЕМА).

Европската комисија вчера им соопшти на министрите за здравство на ЕУ дека Брисел не планира да започне разговори со Русија за прелиминарен договор за „спутник В“, како што тоа го стори со другите доставувачи на вакцини, изјави извор за „Ројтерс“.

Затоа германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, за време на виртуелниот состанок објави дека Германија ќе започне прелиминарни преговори со Русија за билатерален договор за обезбедување на вакцината, додаде изворот.

Според него, во прелиминарните разговори, Германија најпрво сака да утврди кои количини и кога Русија може да испорача.

Во секој случај, Германија ќе ја купи руската вакцина само откако ќе биде одобрена од ЕМА, а најважно за тоа е Русија да ги достави потребните податоци, додаде изворот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести