Започна пријавувањето на еден од најголемите турнири во мал фудбал во Македонија “8-ми Септември” во Маџари, Скопје.

Турнирот ќе започне на 8ми Август, а финалето е планирано да биде одограно на Денот на независноста на Републиката 8ми Септември.

Натпреварите ќе се одигруваат на игралиште со вештачка трева во дворот на градинката Детелинка, Маџари, Гази Баба.
Овој Турнир се оддржува од 14 години по ред.

Пријавувањето трае до 6-ти Август, а котизација изнесува 5.000 денари.