23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Запознајте ја најопасната градина на светот, на влезот пишува: „Овие растенија можат да ве убијат…“

Најчитани вести

Градинарите во оваа градина на растенијата не им се приближуваат без заштитни одела…

Alnwick Poison Garden се наоѓа во Велика Британија и е дел од комплекс на чиј што дворец се наоѓаат и останатите класични градини кои што постепено настанувале од 1750-та година.

„Отровната градина била додадена во 2005-та година и веднаш станала голема атракција во светот“.

Таа содржи над сто растенија со различен степен на токсичност собрани од целиот свет, а на влезот стои предупредување: „Овие растенија можат да ве убијат“.

Низ градината годишно поминуваат речиси 800.000 посетители, а некои од нив знаат и да изгубат свест при прошетките.

Некои од растенијата изгледаат многу убаво и нежно, па така човекот тешко може да замисли дека се многу опасни.

Насекаде околу нив стои предупредување дека не смеат да се допираат, мирисаат или пак да се ставаат во близина на устата, а децата треба да бидат под надзор на своите родители постојано.

Покрај секое растение исто така стои опис, на пример, колку отров тоа содржи во него, кои се симптомите на труење од него, како може да го убие човекот, за колку време, за што служело растението итн.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести