13.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Запознајте ја Метиша – германската Ким Кардашијан која го копира изгледот на славната ѕвезда

Најчитани вести

Метиша Шејфер, 26-годишната ѕвезда од реалистичното ТВ шоу „WAGS Miami“ во кое трагаше по момче спортист, ја нарекуваат уште и германската Ким Кардашијан.

Атрактивната бринета е актерка, модел, Инстаграм сензација, но и позната ТВ личност благодарение на популарното реално шоу.

Родена и израсната е во Келн, Германија, а од многу рани години сфатила дека има пасија за креативна уметност. Започнала како водителка на неколку емисии во нејзиниот роден град.

По некое време се преселила во Мајами, а особено активна е на Инстаграм каде што ја следат речиси 1 милион обожаватели.

Со помош на шминката, фризурата и облеката, Метиша неодоливо наликува на Ким Кардашијан, предизвикувајќи додатно внимание.

Сепак, многумина тврдат дека германската Ким e многу поубава и има подобро обликувано тело од вистинската… сепак, проценете самите:

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com