Заборавете на сите познати компании кои нудат брзи полначи, бидејќи Oppo претстави нов уред кој може да се наполни за само 30 минути…
Името на новиот флегшип уред е Reno Ace и има батерија од 4000 mAh кој може да се наполни од 0 до 100% за само 30 минути.
Интересно е што и претходниот рекорд во брзо полнење беше поставен од Oppo со Find X Lamborghini Edition. Моделот имаше батерија од 3400 mAh која се полнеше целосно за 35 минути.
Покрај големата батерија, новиот Oppo смартфон има и полнач од 65W благодарение на кој се полни толку брзо.
Се разбира, батеријата не е единствената добра спецификација кај Reno Ace – има и одличен Snapdragon 855+ Plus процесор, 12GB RAM, голем 6.5 инчен панел и Sony камера од 48 мегапиксели, заедно со уште две камери.
Цената на Reno Ace е 420 долари./gsm.mk