19.8 C
Skopje
Wednesday, September 28, 2022

Запленeти 476 килограми кокаин, уапсен албански државјанин сопственик на две фирми

Најчитани вести

Полицијата во Италија заплени 476 килограми чист кокаин и уапси 38-годишен албански државјанин, кој со редовна дозвола за престој живеел во Фиренца.

– Дрогата била пронајдена скриена меѓу градежен алат, во приколка на камион, пакувана во 400 пакетчиња. Доколку оваа количество кокаин се пушти на пазарот, се проценува дека би донела добивка од 45 милиони евра, соопшти италијанската полиција. Камионот во кој била дрогата се движел по автопатот А1 користејќи светлосен аларм, чие поседување не било својствено за неговото возило, поради што полицијата и го запрела, а нервозното однесување на возачот било повод да се направи детална контрола, информираат италијанските медиуми.

Возилото било запрено на автопатот во близина на градот Арецо, а Албанецот бил спроведен во најблиската полициска станица, каде што бил идентификуван со иницијали Ц.Е. сопственик на две градежни фирми.

Според италијанската полиција ова е најголема заплена на кокаин на територијата на Арецо.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com