Во сеф-собата бил пронајден сув цвет од канабис кој не бил означен и спакуван согласно законските прописи, а во останатите простории била пронајдена непријавена сува маса од канабис за кое правното лице не доставило известување.
Од две фабрики за производство на канабис за медицински цели, една во битолско, а другата во кавадаречко, полицијата денеска заплени голема количина марихуана одгледувана незаконски, односно непријавена, чија вкупна вредност се проценува на околу 6 милиони евра – информира денеска МВР.
Во сеф-собата бил пронајден сув цвет од канабис кој не бил означен и спакуван согласно законските прописи, а во останатите простории била пронајдена непријавена сува маса од канабис за кое правното лице не доставило известување до Комисијата при Министерство за здравство, на што е обврзано со закон, објаснува МВР.
„На 14.04.2023 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со дрога, во две координирани акции заедно со полициски службеници од СВР Велес – ОВР Кавадарци и ОВР Неготино, како и со СВР Битола запленија голема количина на марихуана од две фабрики за производство на канабис за медицински цели.
Имено, по претходно преземени мерки и активности и обезбедени докази дека правните лица постапувале спротивно на одредбите од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци, односно во правните субјекти одгледувале растенија канабис спротивно на законот, со цел понатамошна продажба на дрогата, биле обезбедени наредби за претрес од Основен суд Кавадарци и Основен суд Битола.
По претходно извршени контроли на полициски службеници заедно со претставници од Комисијата за оценување на исполнетост на условите во однос на простор, опрема и кадар за добивање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели од правен субјект во кавадаречко, била одземена марихуана во вкупна количина од 1 тон, 570 килограми и 135 грама, и тоа како финално обработен и необработен сув цвет од канабис, биомаса од канабис, суви листови и суви гранки од канабис.
При контролата биле констатирани неправилности при работењето, односно во сеф собата бил пронајден сув цвет од канабис кој не бил означен и спакуван согласно законските прописи, а во останатите простории била пронајдена непријавена сува маса од канабис за кое правното лице не доставило известување до Комисијата при Министерство за здравство.