4.8 C
Skopje
Thursday, October 28, 2021

Запленета дрога во вредност од 1,4 милијарди долари во САД

Најчитани вести

Крајбрежната стража на Соединетите Американски Држави соопшти дека запленила „импресивни количества кокаин и канабис во вредност од приближно 1,4 милијарди долари за време на неколку операции на Флорида”, пренесува Си-Би-Ес њуз.
„Ова е најголемото истоварување на нелегална дрога во историјата на крајбрежната стража, рече командантот Стивен Полин на прес – конференција во Порт Еверглајдс, 45 километри северно од Мајами.
Тој прецизира дека станува збор за околу 27 тони кокаин и речиси 650 килограми канабис.
„Овие заплени беа извршени од неколку единици на крајбрежната стража со помош на канадската морнарица и со воздушна поддршка на граничната полиција на САД“ рече капетанот Тод Венс.

Според него, „овие екипи и нивните напори нанесоа голем удар во борбата против криминалните мрежи и нивното дестабилизирачко влијание” – На тоа сме сведоци во Централна Америка и на јужната граница на нашата нација, додаде тој.

Властите соопштија дека количината на запленетата дрога била двојно поголема од онаа што ја заплениле американските власти во 2020 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com