12.8 C
Skopje
Monday, September 27, 2021

ЗАПИШИ СЕ НА УАКС И ДОБИЈ ВЕБСТЕР ДИПЛОМА

Најчитани вести

Деновиве Универзитетот Американ Колеџ Скопје оствари значајна соработка со Универзитетот Вебстер Атина, европскиот кампус на Универзитетот Вебстер од Сент Луис, Мизури, САД.

Станува збор за соработка која нуди одлична можност за учење и развој преку студирање четврта година додипломски студии во Атина. Односно, студентите се запишуваат на Универзитет Американ Колеџ Скопје, студираат тригодишни додипломски студии во Скопје и со 180 ЕКТС, добиваат меѓународно акредитирана диплома од УАКС. По завршувањето на овие студии, на овие студенти им се признаваат кредитите и испитите и добиваат ексклузивна можност да го продолжат своето студирање и да слушаат четврта година додипломски студии на Вебстер Атина. Со тоа, тие ќе добијат 240 ЕКТС и диплома од престижниот американски Универзите Вебстер.

Оваа можност е достапна за сите студенти на трета година на Факултетот за деловна економија и организациски науки на УАКС на насоките Маркетинг, Менаџмент и Финансии, кои сакаат да ги продолжат своите студии и да го продлабочат своето знаење.

Од УАКС истакнуваат дека ова е одлична прилика и за сите досегашни дипломци на ФДЕИОН при УАКС, без оглед на тоа кога ги завршиле своите додипломски студии. Со оваа програма, и претходно дипломираните студенти имаат можност да го усовршат своето образование и да се стекнат со американска диплома од Универзитетот Вебстер.

За сите прашања и информации во врска со оваа програма, на располагање се студентските координатори од УАКС, достапни на info@uacs.edu.mk и на +389 2 246 3156.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com