Кавадарци, 1 октомври- Се запали 20-тонски камион товарен со плин на патот Росоман-Кавадарци. Брзата реакција на пожарникарите спречи голема катастрофа, изјави Александар Чадамов, командир на Територијалната противпожарна единица од Кавадарци.
– Камионот бил во движење, помош побара возачот. На лице место бевме за само три-четири минути и навремено реагиравме и спречивме поголеми последици и штети – рече Чадамов