Home » Запалено возилото на командир од затворот Идризово

Запалено возилото на командир од затворот Идризово

by Журнал.мк

Ноќеска на паркингот позади управната зграда на затворот во Идризово било опожарено возилото на командир, вработен во затворот, кој за време на подметнување на пожарот бил на работа. Случајот бил пријавен во полиција во 1 часот и 50 минути по полноќ, а пожарот бил изгасен од противпожарната служба но и командирот, кој при гаснењето се повредил, велат од полицијата. Кој го подметнал пожарот засега останува непознато, од МВР велат дека работат на расчистување на случајот.

Ова доаѓа еден ден по највата на министерот за правда дека никој нема да биде поштеден од одговорност за запленетите мобилни телефони, ножеви, дрога и други недозволени средства во затворот во „Идризово“.

Во контектст на тоа дека има дрога во затворот се појави видео на социјалните мрежи на кое се гледа осуденик како конзумира нешто што наликува на опојна дрога. Но, засега за ова од надлежните нема коментар, ниту дали ќе бидат преземени мерки. Канал 5 контактираше со директорот на затворот во „Идризово“ Реџеп Реџепи, кој на оваа функција стапи на почетокот на годинава.Тој не сакаше да даде изјава за претресот во затворот, се додека не го види извештајот од пронајдените предмети. За него е контрадикторна изјавата на МВР дека биле пронајдени „многу ножеви“ и недозволени предмети, зошто на него му било кажано дека се пронајдени кујнски ножеви и мала количина дрога кај некои затвореници. За тоа дали чувствува одговорност бидејќи во затворот влегувале строго забранети предмети рече:

„ Доколку сум погрешил, ќе одговарам, ама да видиме каква е грешката. Јас како нов директор направив една голема промена во затворот, целата структура на затворот ја сменив пред два месеци, имав сомневања дека се направени некои лоши работи. Ова е мојата страна, секако дека мора да има одговорност. “

Упадот на полицијата во затворот „Идризово“ беше спроведен завчера. Дел од пронајдените предмети ги поседувале затвореници од терористичката група осудена за случајот „Диво насеље“. Поради девијантните појави министерот Тупанчевски и директорите на затворите денеска на средба разговарале за изнаоѓање начини за решавање на долгогодишните наталожени проблеми, како преоптовареноста, немање соодветна здравствена заштита за осудените лица, недостаток на соодветен кадар. Договорено било и да се интервенира и во Законот за извршување на санкции со цел да се подобрат условите на вработените во затворите, соопштија од министерството..

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk