17.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Запалениот брод со 4000 луксузни автомобили потона во атлантскиот океан

Најчитани вести

Товарниот брод што превезуваше илјадници луксузни автомобили потона покрај португалските Азорски Острови, речиси две недели откако се запали. На „Фелисити ејс“ имало речиси 4.000 автомобили на групацијата „Фолксваген“, меѓу кои и „порше“, „бентли“ и „ламборгини“.

Бродот патувал од Германија за американската сојузна држава Роуд Ајленд кога избувнал пожар на 16 февруари. Сите 22-ца члена на посадата биле на време евакуирани, по што бродот продолжи да плови без контрола по Атлантскиот Океан.

Жоао Мендеш Кабесас, капетанот на пристаништето на островот Фајал, изјави дека нема информации за истекување на горивото, но се стравува дека резервоарите би можеле да се оштетат на дното на океанот, на длабочина од 3.500 метри.

„Фолксваген“ соопшти дека штетата на автомобилите е покриена со осигурувањето, кое би можело да изнесува 155 милиони долари. „Бентли“ потврди дека на бродот имало 189 негови возила, а „Порше“ околу 1.100.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com