Home » Западот го знае веројатниот спонзор на експлозиите на Северен тек, пишува Times

Западот го знае веројатниот спонзор на експлозиите на Северен тек, пишува Times

by Журнал.мк

Разузнавачките агенции на западните земји го знаат идентитетот на наводниот украински спонзор на ланските диверзии на гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2 во Балтичкото Море со кое дефинитивно беше запрена испораката на евтиниот руски гас во Германија и Европа, пишува во средата влијателниот британски весник Times.

„Името на претпоставениот приватен спонзор, Украинец, кон не е поврзан со владата (на украинскиот претседател Володомир) Зеленски, циркулира во разузнавачките кругови веќе неколку месеци, но не се открива“, се наведува во написот на Times.

Се претпоставува дека претставниците на НАТО, очигледно, сакале на тој начин да го заштитат Киев од отворен судир со Берлин, се додава во написот.

Според написот, една седмица по инцидентот во близина на данскиот остров Бронхолм во Балтичкото море, разузнавачите ги известиле членовите на скандинавската делегација во Брисел дека зад нападите над стратешките гасоводи во членките на Европската унија, не стојат Американците, Русите или Полјаците, туку „приватна компанија од Украина“.

Притоа, им било кажано дека резултатите од истрагите нема да бидат јавно објавени, а, исто така, им било речено да избегнуваат какви и да се прашања зошто официјалната истрага за овој инцидент кој се смета и за удар на европското стопанство напредува толку бавно.

Во средата со свои сознанија изнесе и германската телевизија N-tv, според која Германија уште во јануари извршила претрес на бродот којшто, како што се претпоставува, бил користен за диверзијата врз гасоводите Северен тек.

„Во јануари, сојузното обвинителство иницираше претрес на брод осомничен за вмешаност во експлозиите на Северните текови“, го цитира телевизијата неименуваниот соговорник од германското обвинителство.

Претходно во вторникот американскиот весник The New York Times, а синхроинизирано истовремено се огласи и германскиот весник Zeit, изнесоа штури информации од разузнавачки извори, според коишто се сугерира дека минатогодишниот терористички напад во со експлозии беа кренати четирите цевководи од гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2 ги извела „проукраинска група“.

„Нема докази дека во операцијата биле вклучени украинскиот претседател Володомир Зеленски или највисоките украински функционери, ниту дека сторителите дејствувале според упатства ка кој и да е функционер на украинската влада“, објави NYT цитирајќи американски разузнавачки функционери.

Изостанува објавувањето како таа групација којашто дејствувала независно успеала да ангажира исклучително обучени нуркачи со искуство за подморско поставување експлозиви, а уште повеќе за ретката и софистицирана опрема за подводни активности на големи длабочини.

Германската истрага го идентификувала бродот кој би можел да биде вклучен во експлозиите на гасоводите Северен тек, а трагите водат кон Украина, пишува во вторникот германскиот весник Zeit. Според написот, бродот кој е осомничен дека е инволвиран во операцијата со којашто Германија и дефинитивно остана без можноста да добива евтин гас од Русија бил изнајмен во Полска, а нарачателите на саботажата не биле идентификувани.

Компанијата сопственик на бродот припаѓала на Украинци, се додава. Траги од експлозиви биле пронајдени на бродот кој наводно бил користен за минирањето на четирите цевководи. Како што е прецизирано, станува збор за јахта која била изнајмена од компанија со седиште во Полска. Веројатно, фирмата им припаѓа на двајца Украинци. Според истражителите, саботажата ја извршила екипа од шест лица. Нивната националност не можела да биде утврдена, а се знае дека користеле лажни пасоши.

Според германскиот весник, една неименувана западна разузнавачка служба уште есента 2022 година пријавила дека украинска група е одговорна за минирањето на Северен тек 1 и Северен тек 2.

Песков: Свртување на вниманието

Забележително е што во вторникот и средата синхронизирано првпат американските и германските водечки медиуми воопшто да ги споменуваат експлозиите во Балтичкото Море од минатиот септември, откако американскиот истражувачки новинар Сејмур Херш на почетокот од февруари годинава објави многу детални податоци кои потекнуваат од очевидец на плановите, дека зад саботажата на гасоводите со кои евтиниот руски гас се испорачуваше во Германија и Европа стои администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.

Во премолчуваниот напис на истражувачкиот новинар награден со престижната Пулицерова награда, работна група во Вашингтон девет месеци ги правела плановите за саботирање на гасоводите, а потоа во јуни при вежба на НАТО во споменатите води американски специјални нуркачи извеле симулирање на наводно деминирање на морското дно а всушност ги поставиле експлозивните уреди под четирите цевководи, кои ги активирала според него три месеца подоцна воената морнарица на Норвешка.

Коментирајќи ги објавите во западните медиуми, во средата портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, потсетувајќи на ставот на Москва дека станува збор за пример на „државен тероризам“, оцени дека станува збор за координиран медиумски настап на западното разузнавање за свртување на вниманието на јавноста.

„Очигледно, авторите на терористичкиот напад сакаат да го одвлечат вниманието. Станува збор за јасно координирано полнење на медиумите“, одговори Песков на барање за коментар на написите во The New York Times и Zeit во текот на редовниот дневен брифинг со новинарите акредитирани во Кремљ.

Истакна притоа дека е збунувачки за тоа како американските функционери, на коишто се повикуваат во своите прилози западните медиуми, „можат да претпостават нешто за терористичкиот напад врз Северен тек без истрага“.

Песков, исто така, посочи дека на Русија сѐ уште не ѝ е дозволено да учествува во истрагата, иако по меѓународните прописи може да го стори тоа, имајќи предвид дека станува збор за голема и скапа стратешка инвестиција во инфраструктура со меѓународно значење. Додаде дека пред само неколку дена Москва за тоа била известена со нота од Копенхаген и Стокхолм.

„Сето тоа е не е едноставно чудно. Тоа замирисува на монструозно злосторство. Во најмала рала, земјите кои се акционери на гасоводите и ОН треба да бараа итна транспарентна истрага со учество на секој кој може да придонесе за расветлување“, додаде Песков.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk