9.8 C
Skopje
Wednesday, February 1, 2023

Западен Балкан на „зелената“ листа за патување во Австрија

Најчитани вести

Сите земји од Западен Балкан од денеска се на епидемиолошката „зелена“ листа на Австрија. Како што е најавено во Виена, со уредба која стапува во сила денеска, граѓаните на сите земји од Западен Балкан ќе можат да влезат во Австрија. Досега само Србија, Северна Македонија и Албанија, беа на „зелената“ листа, а сега ќе се наоѓаат и Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.

Патниците кои пристигнуваат од земјите на „зелената“ листа можат да влезат во Австрија без карантин доколку имаат сертификат за извршена вакцинација, со вакцини признати од Европската агенција за лекови како Фајзер, АстраЗенека, Модерна и Џонсон и Џонсон и од Светската здравствена организација како кинеските Синофарм и Синовак. Руската вакцина Спутник не е прифатена од австриските власти

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести