30.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Западен Балкан да се врати на агендата на ЕУ – бараат девет земји членки на Унијата

Најчитани вести

Девет земји-членки на ЕУ со заедничко писмо го повикаа високиот претставник за недворешна и безбедносна политика Жозеп Борел, Западен Балкан итно да се врати на агендата на Унијата и да биде тема на состанокот на Советот за надворешни работи во април.

– Предлагаме на еден од следните состаноци на Советот за надворешни работи на дневен ред да биде стратешка дискусија за регионот. Веруваме дека е крајно време да погледнеме стратешки на Западен Балкан, пишуваат министрите за надворешни работи на Германија, Австрија, Хрватска, Чешка, Грција, Ирска, Романија, Словачка и Словенија во заедничкото писмо што го објавува Еурактив.

Во писмото, датирано на 5 март, тие тврдат дека ситуацијата многу се сменила од последната дискусија за проширувањето во август 2019 година, особено дека „имало динамични внатрешни политички случувања во земјите од регионот“.

– Многу работи се сменија од нашата последна дискусија во август 2019. Имаше динамичен политички развој во земјите од овој регион. Дополнително, пандемијата ги влоши постоечките трендови вклучувајќи ги и геополитичките импликации. Други актери се подготвени да настапат во регионот, честопати на наша сметка. Додека ЕУ мобилизираше голема поддршка за регионот, други актери беа поефикасни во презентирањето на нивната поддршка поткопувајќи ја довербата во нас, кредибилитетот и перцепцијата на нашата солидарност“, се вели во писмото.

Еурактив потсетува дека процесот на проширување се чинеше дека доби нов интензитет минатата пролет кога Северна Македонија и Албанија добија зелено светло од министрите на ЕУ за да започнат преговори подоцна истата година. Сепак, процесот наиде на друг камен на сопнување кога Бугарија стави вето на разговорите на Северна Македонија на есен поради разликите во однос на историјата и јазикот.

Деветте земи од ЕУ во заедничкото писмо, истакнуваат дека ЕУ треба да разговара за тоа како да се одговори на  случувања во регионот и на зголемената активност на трети страни.

– Пандемијата ги влоши веќе постоечките трендови, вклучително и геополитички импликации. Другите актери се подготвени да се замешаат во регионалните прашања. Нашата политичка дискусија за Западен Балкан се чини дека е веќе задоцнета и затоа треба да биде дел од состанокот на Советот за надворешни работи во април, се нагласува во писмото на шефовите на дипломатиите на Германија, Австрија, Хрватска, Чешка, Грција, Ирска, Романија, Словачка и Словенија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести