Home » Заокружен претресот за разрешување на министерот Беким Сали, ќе се гласа дополнително

Заокружен претресот за разрешување на министерот Беким Сали, ќе се гласа дополнително

by Журнал.мк

Собранието доцна вечерва го заокружи претресот по предлогот за разрешување на министерот за здравство Беким Сали, во рамки на првата точка од 104. седница за Предлогот за реконструкција на Владата, но, како што најави потпретседателот на законодавниот дом Горан Мисевски, ќе се гласа дополнително. Десетина минути пред полноќ Мисевски констатираше дека повеќе нема услови за работа и ја прекина седницата, а продолжението ќе биде дополнително закажано.

Откако констатираше дека е исцрпена листата на говорници за разрешување на Сали и најави дополнително гласање Мисевски ја отвори расправата по предлогот да биде разрешен Адмирим Алити од министер за информатичко општество и администрација. Алити не ја искористи можноста да се изјасни околу предлогот за негово разрешување.

Покрај Сали и Алити, треба да биде разрешен и Џемаил Чупи од ресорот за дијаспора, тројцата кадри од Алтернатива која излезе од владината коалиција, а ќе бидат заманети со кадри од Алијансата за Албанците која енов владин партнер.

Собраниската дебата за реконструкцијата на Владата продолжи и по 18 часот вечерва, а во меѓувреме беа објавени неколку паузи на барање на координаторите од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ по меѓусебните обвинувања околу тоа кој ја блокира работата на Собранието.

Расправата во Собранието е отворена од почетокот на неделата од кога се разговара за првата точка – предлогот за разрешување на министрите, а на дневен ред е и избор на четворица министри и на пет заменици министри.

Во процедурална реакција на стартот на расправата, што беше прекинувана во повеќе наврати, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски повторно ги отфрли тврдењата од власта дека опозицијата ја блокира работата на Собранието.

Беким Сали за чие разрешување се расправаше четири дена, според Мицевски, се уште формално правно е министер, а ВМРО-ДПМНЕ не е виновникот за состојбите во здравството и најавениот штрајк поради неисплатени плати.

Меѓу пратениците што се пријавија во бројните реплики беше и на Халил Снопче од Алијансата за Албанците, критикувајќи го однесувањето на опозицијата за предложеното разрешување на министрите.

-По дефиниција една опозиција која е жесток критичар на власта кај е логиката да одлоговлекува и да не дозволи нивно разрешување. Друга работа е изборот на министри, но да не дозволиме да се разрешат министри се случува само кај нас, рече Снопче, посочувајќи дека „солидна опозиција треба да биде принципиелна, а не преку оскиморони да ја убедува јавноста“

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk