-4.2 C
Skopje
Wednesday, December 1, 2021

Замина најпознатиот глас на РТВ Скопје – почина Бранка Станковска

Најчитани вести

На 90-годишна возраст почина Бранка Станковска, доајенот на македонското спикерство, со чиј глас пораснаа генерации гледачи на РТВ Скопје, каде беше првата спикерка и водителка на вестите.

Нејзината најава на првиот телевизиски пренос од Црн Врв на 5. јуни 1964 година е почетокот на ТВ Скопје, емитувана преку сопствена телевизиска мрежа.

На 14-ти декември, Станковска ги читала и вестите на првиот телевизиски „Весник”, кој го означил почетокот на емитувањето на редовната програма на Македонската телевизија.

-Тивко во сон си замина мојата баба Бранка Станковска. Дочека да биде и чукунбаба, имаше убав живот, изгледа внуци, правнуци и праправнука. Имам прекрасни спомени од неа, можеби затоа што бев прва внука па бев привилегирана од мала да поминувам повеќе време со неа. За работата што да напишам, беше вистински професионалец дури и по нејзиното пензионирање беше активна и се уште може да се слушне нејзиниот глас на радио програмите. ТОЧНО Е 12.00 часот. Почивај во мир бабо и после многу години ќе се сретнеш со својата единствена и голема љубов, дедо Бошко!, напиша на Фејсбук нејзината внука Ирина Костовска, соопштувајќи ја тажната вест.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com