Home » Замената на куни во евра во Словенија ќе трае до 28 февруари

Замената на куни во евра во Словенија ќе трае до 28 февруари

by Журнал.мк

Хрватска од 1 јануари преминува на еврото, а хартиените куни во Словенија ќе може да се менуваат во банки, штедилници и менувачници лиценцирани од Банката на Словенија без провизија, по курс од 7,5345 куни за едно евро, пишува љубљанско Дело.

Централната банка на Словенија соопшти дека ќе разменува банкноти во текот на јануари и февруари, иако плаќањето во куни и во Хрватска ќе биде можно само до 14 јануари.

Според востановената практика на Европската централна банка, куните ќе може да се менуваат до 28 февруари, а исто така се забележува дека нема да може да се менуваат монети и банкноти од постари серии.

Се наведува и дека секој граѓанин во еден ден ќе може да замени најмногу до 8.000 куни, што е повеќе од 1.000 евра. На крајот на овој период, Банката на Словенија повеќе нема да разменува хрватски банкноти бесплатно им порачаа на граѓаните кои најчесто летуваат во Хрватска и според податоците до почетокот на октомври оствариле речиси 10 милиони ноќевања во 2022 година.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk