-0.2 C
Skopje
Sunday, December 5, 2021

Закон за Oбвинителството, нема договор меѓу партиите

Најчитани вести

Непостигнувањето на договор за Законот за јавно обвинителство ја одложи седницата на Комисијата за европски прашања, каде треба да се усвојат или да се отфрлат амандманите на политичките партии. Претседателот на оваа Комисија, Артан Груби вели дека седницата ќе продолжи штом ќе има договор.

Оставивме простор за усогласување на ставовите за останатите амандмани кои се вкупно 41, од кои 10 се на ВМРО-ДПМНЕ и откако ќе се усогласат, тие амандмани да продолжат со последниот ден од работата на седницата на Комисијата за европски прашања поради роковите- рече Артан Груби- претседател на Комисијата за европски прашања.

Најголемите судири се токму за 10 амандмани на ВМРО-ДПМНЕ. Дилемите се однесуваат на иднината на Специјалното обвинителство, евентуалното префрлување на обвинителите и вработените од СЈО во новото обвинителство и продолжување на случаите или истрагите на СЈО подигнати после 30 јуни 2017 година.

Комисијата за европски прашања треба да ја затвори дебатата за два работни дена. На првиот ден од дебатата во четвртокот беа прифатеи 10 амандмани, меѓу кои и зголемување на буџетот за обвинителството, зголемување на одговорноста на обвинителите, укинување на имунитетот и намалување на одморот за вработените во обвинителството.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com