6 C
Skopje
Thursday, January 28, 2021

Законот за попис, преговорите меѓу власта и опозицијата се во прекин

Најчитани вести

Преговорите за попис се блокирани. Двете најголеми политички партии во Собранието немаат објаснување за застојот. Според ВМРО-ДПМНЕ организацијата за состаноците е препуштено на СДСМ, но власта не била заинтересирана.

Од СДСМ ги отфрлаат тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ, но не ги наведуваат причините зошто работните групи не одржуваат средби.

Пред неколку недели се одржаа првични состаноци меѓу работните групи на власта и опозицијата за пописот, но со комплицирањето на преговорите за законот за обвинителство, беа прекинати и разговорите за пописот. Владата, како предлагач, бараат брзо усвојување на законот за попис.

Владата на Република Северна Македонија усвои предлог-закон за попис на населението. Предлог-законот е испратен до Собранието на одобрување и Владата очекува и бара од политичките партии да седнат, да преговараат и да ги надминат сите разлики за да го усвојат што побрзо зашто тој предвидува во 2020 година да се реализира овој многу важен статистички процес за нашата земја – изјави Мухамет Хоџа, портпарол на Владата.

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски изјави дека одложувањата во донесувањето на законот нема да влијаат на реализирањето на пописот. Предлог-законот предвидува пописот да се одвива од 1 до 31 април, а еден месец претходно да почне електронскиот попис на граѓаните кои живеат во странство.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести