13 C
Skopje
Saturday, May 8, 2021

Законот за лекови донесен со консензус, се овозможува влез на вакцините за Ковид-19 во земјата

Најчитани вести

Власта и опозицијата подадоа рака – со 70  гласа „за“ Собранието го донесе законот за лекови со кој се создаваат услови за увоз на вакцини за Ковид-19 во земјата.

Гласањето помина глатко, но не и критиките на опозицијата кон владата.

На македонски начин помина и оваа дискусија. Едната страна обвини за лаги, манипулација и несериозност за доцнењето на вакцините, другата страна пак обвини дека опозицијата собира политички поени. 

ВМРО ДПМНЕ побара владата да им се извини на граѓаните.

“Што правеше оваа Влада една година ? Не знае дека ќе треба некогаш да се вакцинираме после оној период што го поминавме. Свесни беа дека имаме една неконвенционална војна на пазарот со вакцини во светот? Свесни се дека тие компании што ги произведууваат вакцините каснат со испорака на лекови на сериозни држави?“ – Никола Мицевски координатор на ВМРО ДПМНЕ.

Пратениците од власта ја повикаа опозицијата да не прави политика од овој закон и вакцината и што побрзо да се донесе законот. 

„Жал ми е ова тука да го кажам се и сешто слушнавме на овие два часа. Проблемот со ковид 19 ниту на позицијата ниту на опозицијата, ова е проблем во целото општество.“ – Арбен Зибери ДУИ.

Снежана Калевска Ванчева СДСМ 6.35- Без овие измени ние не можеме да очекуваме увоз на вакцината, така да тоа е тоа. 

Со ова законско решение се овозможува набавка на вакцините од компанијата Фајзер, која нема претставништво во државата, а треба да се набават 800 илјади дози.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести