27.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

Законите за државјанство и за лична карта денеска пред пратениците

Најчитани вести

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државјанството и измените на Законот за лична се дел од законите кои по скратена постапка се најавени на денешните неколку собраниски седници.

Предлог-законот за измена на законот за државјанство го поднесоа пратениците Зијадин Села, Скендер Реџепи, Сурија Рашиди, Сафије Садики Шаини, Абдула Салиу, Елми Азири, Халил Снопче, Илире Даути, Атнан Незири, Артина Ќазими, Хусни Исмаили и Африм Гаши.

Пратениците треба да расправаат и по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за личната карта, по скратена постапка.

Предлогот на законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка, е на дневниот ред на денешната 26-та собраниска седница. На дневниот ред на седницата се и Предлог – законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, Предлог-законот за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, сите по скратена постапка, како и Предлогот на закон за преиспитување на факти и докази користени во судска постапка, во прво читање.

Најавена е и расправа по Предлог-стратегијата за регионален развој 2020 – 2030.

На една од денешните собраниски седници ќе се дискутира и по Предлог – законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, по скратена постапка.

Пратениците се очекува да дискутираат и по Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“, како и по Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Македонската банка за поддршка на развојот, скратена постапка.

Меѓу другите точки на дневниот ред на седниците се и Предлог-законот за изменување на Законот за оружјето, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, како и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, сите во прво читање.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести