8.7 C
Skopje
Saturday, January 23, 2021

Заклучоците од анализите на „нон- пејперот“, во март

Најчитани вести

Европратеникот Илхан Ќучук, известувач за Македонија во Европскиот парламент, смета дека до крајот на  март институциите на ЕУ ќе имаат свој став за методологијата за членство. Како претседател на Алијансата на либерал-демократите за Европа, при престојот во Скопје, Ќучук изјави дека либералите се „за“ проширување и дека Европскиот парламент со силно мнозинство го поддржува започнувањето на преговорите со Скопје и Тирана.

„Нашата цел е институциите на ЕУ да донесат заклучоци и до крајот на март да излезат со заеднички став на сите три институции, Парламентот, ЕК и Советот, за иднината на регионот во ЕУ. Очекуваме дека пред Самитот во Загреб во мај, ќе има јасна оценка и за критериумите и за преговарачкиот процес и за иднината на Северна Македонија во Европската унија “-рече Илхан Кучук, европретеник, известувач за Северна Македонија.

Пред Владата да ја даде својата оценка за „нон-пејперот “ на Франција за реформирање на пристапниот процес, Меѓународната либерална партија бара внатрешен консензус за заедничките интереси на страните.

„Станува збор за нова методологија и таа методологија мора да биде изготвена со национален консензус како што ни одговара нас. Кога кажувам ние, мислам на сите. Владата не може да го изготви сама. Во оваа држава има капацитети и ресурси кои се надвор од Владата, надвор од администрацијата, надвор од Министерството за надворешни работи и надвор од Секретаријатот за европски прашања. Одговорот на Македонија за новата методологија треба да произлегува од една поширока национална дебата што во моментов не постои “-изјави Емил Кирјас, претседател на Меѓународната либерална партија.

Овие коментари беа дадени на меѓународната конференција „Процес на преговори – Што понатаму?“, Организирана од Либерално-демократската партија и Алијансата на либералите и демократите. Во меѓувреме, започна со работа новата Европска комисија, што се совпаѓа со 10-годишнината на Лисабонскиот договор. Претседателката на ЕК, Урсула Фон Дер Лајен, придружувана од новиот претседател на Европскиот парламент, Дејвис Сасоли и на Европскиот совет, Шарл Мишел, побара да продолжи зачувувањето на вредностите на Унијата.

„Континент во мир со права и слободи, заеднички пазар со невидени економски можности и наша обврска е да го сочуваме ова богатство. Но, ЕУ не е само богатство што сме го наследиле. Европа е ветување, Европа е иднина, Европа е нешто што сите ние треба да го градиме чекор по чекор и секој ден“-изјави Урсула Фон Дер Лајнен, Претседател на Европската комисија.

Во Самитот во Загреб во мај, кој ќе биде посветен на Западен Балкан, се очекува да се отвори повторно дискусија за евентуално давање на датум за членство на Македонија и Албанија.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести