7.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Заклучен списокот на граѓани кои ќе гласаат

Најчитани вести

На локалните избори во Македонија ќе може да гласаат 1 824 864 граѓани. Како што беше соопштено на 27-та седница на ДИК, од вкупниот број гласачи, во изводите на избирачкиот список се запишани 1 740 147 лица.

Во посебните извори од избирачкиот список се запишани 82 461 лица кои се на привремена работа или престој во странство, 1899 гласачи кои на денот на изборите се на издржување казна затвор или се во притвор, 351 лице во установи за вонсемејно сместување и шест гласачи кои, согласно евиденцијата на министерството за труд и социјална политика, се запишани како раселени лица.

Изборната кампања ќе почне в понеделни , 27 септември, односно 20 дена пред денот на изборите и треба да заврши на 15 октомври на полноќ. Вториот круг од изборите ќе се одржи на 31 октомври, а кампањата за вториот круг ќе трае до 29 октомври.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com