0.8 C
Skopje
Sunday, January 23, 2022

Заев ќе ја види Меркел во Тирана

Најчитани вести

Меркел е во проштална посета на Западен Балкан, но на агендата не се наоѓа Македонија. Германската канцеларка ги избра Србија и Албанија како земји, каде ќе се опрости со лидерите од регионот.

Токму зато денеска Премиерот Зоран Заев денеска во Тирана ќе присуствува на средбата на германската канцеларка Ангела Меркел со лидерите на земјите од Западен Балкан.

Заев ќе ја предводи владината делегација во чиј состав се и заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Според агендата, предвидено е попладне владината делегација да има билатерална средба со канцеларката Меркел.
Во рамки на еднодневната работна посета, премиерот Заев ќе го посети и Македонскиот културен центар во Тирана.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com