-3.2 C
Skopje
Tuesday, January 18, 2022

Заев-Јовановиќ: Висок степен на пријателство и соработка меѓу Северна Македонија и Србија

Најчитани вести

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со Невена Јовановиќ, новоименува амбасадорка на Република Србија во нашата држава, со која заеднички констатирале дека постои одлична билатерална соработка помеѓу двете пријателски држави и оти тоа е добра основа за продлабочување на економските односи.

Како што соопшти владината прес-служба, заеднички било оценето и дека можностите од инфраструктурното поврзување помеѓу двете држави значат отворен простор за развој на економијата и на инвестицискиот амбиент, што носи економски придобивки за граѓаните на двете земји.

-Во таа насока е потенцирано значењето на регионалното економско поврзување и на создавањето заеднички регионален пазар, којшто може да биде конкурентен на европските пазари и пошироко на меѓународен план, се вели во соопштението.

На состанокот биле изразени честитки до премиерот Заев и до Владата за организацијата на „Преспа форум дијалог”, на којшто, како што било оценето, Северна Македонија и лично премиерот Заев се признаени како кредибилни партнери во регионот и во меѓународни рамки.

-Во однос на евроинтеграциските процеси во регионални рамки, потенцирано е значењето на продолжувањето на проширувањето на Европската Унија, како и на потребата од потврдување на довербата кон ЕУ, кон којашто целат сите земји од регионот, со проценка дека е опасен преседан, со пошироки последици на регионален план, дозволувањето навлегување билатерални прашања во преговарачките процеси, велат од Владата.

Амбасадорката на Србија, притоа, пренела јасна поддршка од Република Србија за европските перспективи на Република Северна Македонија и на почетокот на преговорите со ЕУ.

-Покажавме дека Западен Балкан може да биде извор на демократија и на стабилност и треба да продолжиме да се развиваме на економски план и почитувајќи ги европските вредности, со што ќе придонесеме во реализацијата на нашите евроинтеграциски цели, рекол премиерот Заев.

Тој упатил искрена благодарност до политичкото раководство на Србија и до граѓаните на Србија за покажаната солидарност и донираните вакцини за лекарите и медицинскиот персонал во нашата држава, во најспецифичните моменти за време на пандемијата, како и за тековниот процес на вакцинација што Србија го овозможи за граѓаните. Благодарност била изразена и од страна на српската амбасадорка Јовановиќ за поддршката од македонска страна во меѓусебната соработка, во првите месеци од пандемијата, како и за ослободувањето на српските граѓани кои патуваа летово низ нашата држава, од плаќањето патарини.

На состанокот станало збор и за реализацијата на повеќе билатерални прашања, како што е отворањето на културно-информативните центри во двете држави, интересот за воспоставување реципроцитет за стекнување сопственост на приватен имот, унапредувањето на системот една гранична точка (Оne stop shop) што веќе е започнат

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com