-4.2 C
Skopje
Wednesday, December 1, 2021

Заев: Ја прифаќам понудата од Мицкоски – ќе има тет-а-тет средба

Најчитани вести

Премиерот Зоран Заев за Телевизија 21 вели дека ја прифаќа понудата од страна на Мицкоски за организирање на тет-а-тет средба.

„Секако да, прифаќам“, вели Заев за ТВ21.

Вечерва лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ повика на тет-а-тет средба со Зоран Заев на која би се разговарало за сите теми.

„Да разговараме за сите оние проблеми кои се од животно значење. Од кризата со пандемијата до работата на парламентот. За се она што отворено во моментов и стои на маса“, рече Мицкоски.

Прашан, дали и другите лидери на политички партии ќе бидат повикани, на што Мицкоски рече дека зборува за тет-а-тет средба помеѓу двајца, двајца лидери од двете најголеми политички партии односно партии кои имаат најголем број пратеници во парламентот.

„Се надевам дека нема да бидам погрешно сфатен од страна на останатите политички лидери, бидејќи целта ми е искрена. Целта ми е да постигнеме конценсуз меѓу двете најголеми политички партии“, додаде Мицкоски.

Додава дека ќе разговараа на сите теми од, корона, вакцини, блокирање на ЕУ интеграции, избори, експертски и широки влади, национален спас и слично.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com