27.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Заев: Јасно е дека со коалицијата сме фаворити на изборите

Најчитани вести

СДСМ наспроти ВМРО ДПМНЕ води. Водиме со 3% поени, тоа го објавивме јавно и транспарентно преку кредибилни агенции кои што го направија тоа, секако крајот на октомври почетокот на ноември ќе финансираме уште една анкета, за да измериме како после одлуката како стоиме, но сите овие политички партии позади нас носат гласови, имаат свој кредибилитет, имаат своја програма имаат свој дел за кои што се залагаат за своите гласачи, кој што ме става мене како претседател на најголемата политичка партија во оваа коалиција во фаворитска состојба заедно со партнерите, на крајот граѓаните одлучуваат на изборите, изјави премиерот Заев по средбата со помалите коалициски партнери која траеше до доцна во ноќта.

Јас сум претседател на владата 2 години 4 месеци и 20 дена, и успесите се големи, ако правите паралела со 11-те години на ВМРО ДПМНЕ, со она што денес е постигнато, слушнете ги само европските лидери што зборуваат, прашајте ги граѓаните како зборуваат, секако не може сите да се задоволни не сме ниту ние безгрешни, но со сите свои грешки успехот е голем, додава Заев.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести