-0.2 C
Skopje
Tuesday, October 26, 2021

Заев: Хаосот го прават непредвидените симпатизери – ќе се бара од политичарите да носат маски на митинзите и на отворено

Најчитани вести

Поразлично од други пати, министерот за здравство Венко Филипче на конференцијата свикана за медиумите дојде со патики.

На прашањето зошто на митинзите кои се одржуваат во рамки на изборната кампања не се почитуваат мерките за заштита од корона вирусот, тој рече дека нема препораки за носење маски на отворено.

Меѓутоа Филипче признава дека политичарите треба да бидат повнимателни, ни рече дека ќе побара од политичките партии сите да носат маска и на отворено.

И премиерот Зоран Заев вината за непочитување на растојанието и другите правила им ја префрли на непредвидените симпатизери кои им се придружуваат на партиските собири.

На собирите кои се организирани од партиите пред локалните избори, повеќето граѓани но и самите организатори не носат маска и не држат растојание. Протоколите за заштита од Ковид 19 предвидуваат дека доколку се одржуваат масовни собири и не може да се почитува одржувањето дистанца, граѓаните треба да носат маска.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com