1.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Заев: Утре ќе објавиме за минималната плата

Најчитани вести

Премиерот Зоран Заев најави дека утре може да биде објавено за тоа колку ќе изнесува новата минимална плата за работниците. Ова беше најавено на Регионална конференција „Ефективна социјална заштита: поддршка на деца, семејства и заедници во борбата против сиромаштијата“.

  • Работиме на ново покачување на минималната плата. Ако дијалогот заврши вечерва или утре сабајле, утре ќе објавиме. Ние вече еднап ја зголемивме минималната плата за 50.000 работници во трудоинтензивните дејности, ја зголемибме помошта за 12.000 стечајци, а им помогнавме и на и старите лица кои останале без пензија, рече Заев, обраќајки се на отворањето на конференцијата.

На истата присуствуваа гости од Светска банка, УНИЦЕФ, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и министерот за здравство Венко Филипче и други гости од странство.

  • Креираме политики со кои ги враќаме парите кај граѓаните. Правиме реформи во системот на социјалната заштита за илјадници наши сограѓани. Имаме резултат во вложувањето во раниот детски развој и намалувањето на детската сиромаштија за да овозможиме еднаква шанса. Од минатата недела немаме дете под три години во безличните институции на државата. Социјалната помош на граѓаните е повисока за 300 проценти, што не се памети во нашата држава, додаде Заев.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com