17.8 C
Skopje
Sunday, June 13, 2021

Заев утре на средба со Конте во Рим и на вечера со Могерини во Брисел

Најчитани вести

Премиерот Зоран Заев утре оди во Рим на средба со претседателот на италијанската Влада, Џузепе Конте, по што ќе замине за Брисел каде што ќе учествува на прошталната работна вечера на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини со лидерите на земјите од Западен Балкан

Заев патува во Рим на покана од Конте, кој по состанокот на Европскиот совет во Брисел на кој беше одложена одлуката за старт на преговорите со Македонија, најави дека ќе побара повторно отворање на прашањето за проширување на ЕУ во ноември.

Заев минатата недела во ТВ интервју потврди дека со Конте ќе разговараат за проширувањето што треба да биде тема на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК), најавен за 19 ноември.

Премиерот на Италија, Џузепе Конте, по состанокот на европските лидери во Брисел на кој не беше донесена одлука за старт на преговрите со Скопје и Тирана, оцени дека тоа е историска грешка. Најави дека ќе побара да се поправи грешката и повторно да разговара за датумот за преговори со Македонија и за Албанија веќе во ноември.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести