13.8 C
Skopje
Sunday, September 19, 2021

Заев: Унапредување на економската соработка со Русија

Најчитани вести

Премиерот Заев рече дека владата во Скопје останува на ставот против воведување на санкции кон Русија, додавајќи дека во следниот период ќе се работи на унапредување на економската соработка со Руската федерација, а најмногу во секторите земјоделство, енергетика и храна.

„Ние веруваме дека секој пазар, којшто е сѐ уште неотворен, може многу да придонесе во нашето севкупно домашно производство, но и за зголемување на извозот од нашата земја, затоа продолжуваме да работиме во тој правец“, рече Заев.

Премиерот Заев нагласи дека унапредувањето на економската соработка со Русија не значи одалечување од евроатлантските перспективи, туку можност за соработка, каква што има и помеѓу Руската федерација и Германија, Франција и Холандија…

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com