15.8 C
Skopje
Monday, June 21, 2021

Заев уверува, нема да се менува македонскиот идентитет заради бугарското вето

Најчитани вести

Било каква интервенција во македонскиот идентитет е неприфтлива, вели во интервју за грчки „Катимерини“ премиерот Зоран Заев.

-Во 21 век да ја одредуваш историјата на друга нација не е во согласност со европскиот дух, бидејќи треба заедно да градиме иднина. За Северна Македонија, за македонскиот народ, за сите граѓани на нашата земја, било каква интервенција во македонскиот идентитет е неприфатлива. Процесот трае веќе подолго време, не сакаме да запреме и нема да запреме, но нема да ги ставиме во опасност нашето достоинство и нашиот идентитет. Верувам дека ќе најдеме заеднички решенија со Бугарија, додава Заев, зборувајќи за бугарското вето.

Заев истакнува дека Грција останува „силен медијатор и поддржувач” на европскиот пат на нашата земја, нешто за што добил уверување и грчкиот премиер.

Заев потсетува на првите средби со Мицотакис во септември и ноември 2019 година, велејќи дека и тогаш и на следните средби бил создаден „пријателски однос, ослободен од сите прашања што во минатото ги оптоваруваа билатералните односи” , бил прифатен веќе дефинираниот партнерски однос основан на доверба и пријателство , „кој односите меѓу двете земји ги претвори во сојузништво”.

Дополнително зајакнување на пријателството и енергетската соработка, според премиерот е и гасоводот што ќе ги поврзува двете земји, односно договорите како за терминалот во Александруполи, така и за изградбата на интерконекторот.

Интервјуто на премиерот Заев за „Катимерини” е во пресрет на неговото учество на Делфи економскиот форум, што од 10 до 15 мај ќе се одржи во Атина.

Освен Заев, на форумот, ќе учествуваат и вицепремиерот Никола Димитров, шефот на дипломатијата Бујар Османи и министерот за животна средина Насер Нуредини.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести