13 C
Skopje
Saturday, May 8, 2021

Заев: Телеграм конечно презеде чекор и ја затвори групата „Јавна соба“

Најчитани вести

Имаме мал но значаен успех, покрај приведувањето на дел од осомничените лица, напиша премиерот Зоран Заев на Твитер.

– Телеграм конечно презеде чекор и ја затвори групата „Јавна соба“. Апелирам да останеме сите будни и одговорни, имаме уште многу заедничка работа во искоренувањето на ова зло, напиша Заев.

Минитсерот за вантрешни Оливер Спасовски, претходно вечерва објави на фејсбук дека од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика е информираа дека групата „Јавна соба“ е затворена. – Го поздравувам ваквиот чекор на платформата Телеграм и порачувам дека оние што го прекршиле законот ќе бидат казнети бидејќи ние целосно ги документираме случаите. Истовремено, апелирам за внимателност бидејќи на платформата Телеграм има и друга слична група и ние соодветно ќе постапиме и за членовите на оваа група, напиша Спасовски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести