0.8 C
Skopje
Saturday, January 28, 2023

Заев со честитка за 2 Август- Денот на републиката : Нека е вечен споменот на двата Илиндена!

Најчитани вести

Денеска сите го празнуваме нашиот најголем државен празник 2 Август – Денот на Републиката., напиша во честитката премиерот Зоран Заев.

На Илинден во 1903 година – со Илинденското востание и Крушевската Република, а потоа и во 1944 година со АСНОМ – Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното ослободување на Македонија, се поставија столбовите на Републиката и на државноста.

Во Пелинце, во Крушево и на сите други историски места, се сеќаваме на жртвата на илинденските востаници, на хероите на НОБ, на актерите на независноста и ги чествуваме историските случувања преку двата Илиндена во 1903 и 1944, коишто го одразуваат континуитетот на државотворната историја и стремежот на народите на нашата земја да создадат сопствена држава, еднаква во друштвото на народите.

Илинден е постојан процес кодиран во духот на Македонците, Албанците, Ромите, Турците, Србите, Власите, Бошњаците, и на сите народи кои живеат, творат и се борат за подобро утре во нашата татковина.

Нека е вечен споменот на двата Илиндена!

Нека е честит и вековит Денот на Републиката!

Да живее Македонија!

https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10159876540212932

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести