24.8 C
Skopje
Wednesday, July 28, 2021

Заев со премиерот на Ирска: Поддршка за старт на преговорите за членство во ЕУ

Најчитани вести

Претседателот на Владата, Зоран Заев и претседателот на Владата на Република Ирска Лео Варадкар, остварија средба на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

На средбата, на која во владината делегација беше и министерот за надворешни работи Никола Димитров, беше истакнато дека двете земји оваа година бележат 25-години од воспоставувањето дипломатски односи исполнети со силна поддршка од Република Ирска за Северна Македонија во контекст на нашите аспирации за членство во ЕУ.

Во таа насока, Заев го запозна неговиот колега од Ирска, Варадкар со актуелните заложби на нашата земја во овој процес и за оптимистичките очекувања од самитот на Европскиот Совет во октомври кога земјава го очекува датумот за старт на преговорите зa членство во ЕУ.

Ова оптимистичко очекување, рече премиерот Заев, се должи на десетте последователни позитивни препораки на Европската Комисија, на заклучоците на Европскиот Совет во 2018 и 2019 година, како и на одделната поддршка на земјите членки на ЕУ, и врз основа на остварените резултати на земјата во спроведувањето на реформите согласно европските стандарди.

На средбата меѓу претседателите на владите на Северна Македонија и на Република Ирска, Заев и Варадкар, е констатирано дека започнувањето преговори за пристапување со Северна Македонија ќе биде придонес за ЕУ, и заеднички успех од успешната соработка на нашата земја со Европската Комисија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести